Нов месец но дали месец јули ништо поразличен од јуни па и овде си го поставуваме прашањето дали сме се’ подалеку од летните горештини и од она добро препознатливо време? Јуни помина во знакот на многу чести временски непогоди во Македонија. Ние се уште немаме големи топлотни Африкански бранови, а и под знак прашалник е тоа дали и воопшто ќе ги имаме оваа година. А според најновите метео анализи и месец јули ќе ни донесе нови и чести големи временски непогоди. Врнежите ќе бидат значително над просекот за месец јули а барем одсега гледано и не се очекува некој екстремно топол Африкански бран.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *