Мемоарите на Бритни Спирс ќе добијат и аудио издание ќе ги чита наградуваната актерка Мишел Вилијамс
Аудио книгата од долгоочекуваните мемоари од Бритни Спирс “Жената во мене” ќе ја чита наградуваната актерка Мишел Вилијамс. Спирс рече дека нејзината претстојна книга е производ на љубовта и сите емоции што доаѓаат со неа. Повеќе од една година подоцна “Жената во мене” конечно ќе се појави во книжарниците на 24 октомври. Ќе раскажува за нејзините ранливи моменти, нејзиното детство, кога беше девојка со големи соништа, раскинувањето со Џастин Тимберлејк, тепачката со семејството за старателството.