Актуелниот освјувач на УС опен, рускиот тенисер, Данил Медведев загуби само шест гејма против Американецот, Стефан Козлов во првото коло.

Започна новото издание на УС Опен, а Данил Медведев на почетокот покажа дека е добро подготвен за одбрана на трофејот.

Тој немаше никакви проблеми во првото коло против Козлов, победи со 6-2, 6-4 и 6-0.

Во второто коло Медведев ќе игра против Французинот, Артур Риндернек кој беше подобар од Халис со 3-1 во сетови.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *