Марго Роби и Колин Фарел ќе глумат заедно во новиот филм на јужнокорејскиот режисер Когонада, наречен „Големо смело убаво патување“.заплетот на филмот е опишан како имагинативна приказна за двајца странци и неверојатното патување кое ги поврзува. Филмот ќе започне со снимање оваа пролет во Калифорнија. По големиот успех на Барби, актерката можела да избира меѓу сценаријата за филмот на кој сакала да работи, а како следен проект ја избрала оваа необична и интригантна приказна.