Град на културата 2023 која годинава ќе се одвива под мотото Крушево – жив споменик на културата ќе се одвива со многу програмски содржини.
На прес-конференцијата ќе станува збор за почетокот на манифестацијата „Град на културата 2023“ која годинава ќе се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, и за програмските содржини, на кои ќе говорат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.
Манифестацијата „Град на културата“ ќе започне на 26 мај со настан кој ќе ја најави годината на културна фузија на Крушево.