Тaеквондо клуб Штип забележа значаен успех на Европското клупско првенство за деца, кое на 17 јуни се одржа во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Младиот натпреварувач на клубот, Максим Арсовски, се истакна со одлични настапи во силна меѓународна конкуренција и успеа да го освои сребрениот медал. Со својата борбеност, дисциплина и посветеност, Арсовски уште еднаш потврди дека е еден од најперспективните млади теквондисти.

Од Тaеквондо клуб Штип изразија задоволство од постигнатиот резултат, истакнувајќи дека успехот е плод на напорната работа на тренинзите, како и на поддршката од тренерите и семејството.

На првенството учествуваа 144 натпреварувачи, додека беа поднесени вкупно 197 пријави. Натпреварувањето беше организирано од Таеквондо федерацијата на Босна и Херцеговина во соработка со Европската теквондо унија (ETU).

Освојувањето на сребрениот медал претставува уште едно значајно признание за Теквондо клубот Штип и за македонското таеквондо на меѓународната сцена.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *