Најпрестижниот и најстар фестивал за анимирани филмови „Анеси“ во Франција, што ќе се одржи од 8 до 14 јуни, и ќе се натпреварува со уште 70 филма за една од најзначајните награди во светот на анимацијата.
Краткометражниот анимиран филм на македонскиот автор Крсте Господиновски, „Неми филмови“ (Silent Cinema), ќе биде прикажан во Oфицијалната селекција – Перспективи на годинашното издание на најпрестижниот и најстар фестивал за анимирани филмови „Анеси“ во Франција што ќе се одржи од 8 до 14 јуни. Од 3.900 филма пријавени од сите континенти, „Неми филмови“ ќе се натпреварува со уште 70 филма за една од најзначајните награди во светот на анимацијата.
„Неми филмови“ е приказна за едно мало кино сместено на залезот од немото време, кога една поранешна филмска ѕвезда, маскирајќи ја својата згасната слава, решава да проектира исклучиво неми филмови.
Филмот е изработен во техниката куклена стоп анимација и она што го прави исклучително специфичен е фактот што целиот е изработен во еден непрекинат кадар.