Традиционалниот фестивал на италијански песни Сан Ремо е настан кој секоја година го следат милиони гледачи во светот, и ги воодушевува љубителите на италијански канцони. Редовно презентира нови музички таленти. Станува збор за манифестација која е престижна за поголемиот дел од европската естрада, а на многу познати пејачи настапот на овој фестивал им бил голем чекор напред во кариерата. На изданието на Сан Ремо во 2025 година пред публиката ќе се претстави и македонска пејачка, која во последниве години е се поактивна на музичката сцена. Станува збор за Барбара Поповиќ. Младата пејачка е на сцената од својата шеста година. Зад себе има учества на многу фестивали, како и освоени награди и признанија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *