Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги почна претквалификациите за Евробаскетот 2025 година, и тоа каква победа, со неверојатен кош на Нено Димитријевиќ.

Натпреварот беше израмнет во целиот тек, двете репрезентации се менуваа во водството, имаа свои периоди, а највозбудливо беше во финишот.

Данска имаше водство од 70-68, Димитријевиќ даде кош и го изедначи резултатот на 70-70. Останаа уште 24 секунди за домаќините кои не успеаа да ги искористат, топката ја зема Димитријевиќ, шутна од нашата половина и постигна кош за победа од 73-70.

Димитријевиќ со 29 поени беше убедливо нашиот најдобар кошаркар, по десет постигнаа Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски, Маслинко даде девет.

Следниот натпревар на Македонија е во недела против Словачка во СРЦ „Кале“.

Словачка вчера на свој терен беше поразена од Норвешка со 87-68.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *