Според магазинот, земјата нуди извонредна комбинација од вкусна храна, зачувана природа и богато културно наследство – сето тоа далеку од хаосот на масовниот туризам.„И покрај забележителните планини, езера и историски знаменитости, Северна Македонија е пријатно ненаметлива и во голема мера не е погодена од масовниот туризам,“ се наведува во текстот, каде што Охрид посебно се издвојува како еден од највпечатливите градови.

Особено внимание му е посветено на гастрономскиот идентитет на Македонија. Кујната е опишана како „разновидна и послободна во користење зачини“ од соседните балкански земји. National Geographic го наведува ајварот како типичен локален специјалитет, а тавче гравче го именува како „веганско национално јадење“.

Покрај традиционалната храна, туристите се охрабруваат да пробаат планински билки, локален мед, тврди сирења и домашни вина од автохтони сорти како Смедеревка, Вранец и Темјаника. Мастиката, како ликер со специфичен вкус, исто така се најде на листата на препораки.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *