Европската радио-дуфузна унија (ЕБУ), денеска го објави списокот со имињата на 37 земји-учеснички на „Евровизија 2024“, што во мај, следната година, ќе се одржи во Малме, Шведска. Македонија втора година по ред ја нема меѓу учесниците.„Евровизија“ повторно во Шведска ја донесе Лорин , која победи на последниот избор со песната „Tattoo“. Со овој успех, заедно со Ирска, Шведска е земја со најмногу победи, вкупно 7 први места освоила секоја од нив. Македонија на овој избор учествува до 1998 година, а наш прв преставник во Бирмингем, Велика Британија, беше Владо Јаневски со песната „Не зори зоро“
Од МТВ се уште нема официјално соопштение во врска со нашето неучество на „Евровизија“ и следната година, но неофицијално добивме потврда дека веста е точна. Впрочем објавена е и од страна на ЕБУ. Се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме причините за оваа одлука.