Македонија и денес ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Во попладневните часови се очекува умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од околу 10 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 31 и 40 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните и во Вардарскиот регион.

Според прогнозите, екстремно топлото време ќе продолжи и во следните денови, со максимални температури близу 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална облачност, но без позначајни врнежи во поголемиот дел од земјата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *