Половина од авторските и издавачките права на Мајкл Џексон моментално се во процес на продажба, а неверојатната сума ќе изнесува меѓу 800 и 900 милиони американски долари. Како што пренесуваат странските медиуми, деталите сè уште не се познати, а изворите велат дека издавачката куќа Sony и можен финансиски партнер преговараат за преземање на 50% од имотот на издавачката куќа на Џексон. Пакетот би бил најголемата понуда досега на пазарот на музички каталог, а цената би можело дополнително да се зголеми. Само неговиот албум „Thriller“ од 1982 година е еден од двата најпродавани албуми на сите времиња, а пејачот во текот на животот освои бројни музички награди.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *