Граѓаните на Штип ќе имаат можност да му оддадат признание на младиот борач Лука Ананиев, кој освои бронзен медал на Европското првенство за натпреварувачи до 15 години, одржано во Самоков.

Свечениот пречек, во организација на БК „Балканец“, ќе се одржи на 2 јуни (вторник) во 19:00 часот во Големата сала на Општина Штип, каде што се очекува присуство на спортски работници, граѓани и поддржувачи на борењето.

Ананиев го освои третото место во категоријата до 48 килограми, по победата над францускиот натпреварувач О. Думан со резултат 5:3, со што донесе значаен меѓународен успех за Македонија.

Големи заслуги за резултатот има и неговиот тренер Мијалче Ананиев, кој стои зад неговиот континуиран напредок и подготовка.

Овој успех уште еднаш ја потврдува перспективата на македонското борење и ја истакнува новата генерација спортски надежи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *