Стотици илјади навивачи се собраа во центарот на аргентинската престолнина за да ја прослават третата светска титула во историјата.Од Аргентина пристигнуваат снимки од големата прослава која се одржа на улиците на големите градови, особено од Буенос Аирес, откако „гаучосите“ ја освоија титулата светски шампион на светското фудбалско првенство во Катар.Стотици илјади навивачи се собраа во центарот на аргентинската престолнина за да ја прослават победата. Многу емоции, песни, прегратки, солзи…

Инаку Светското првенство во Катар по многу работи е рекордно во историјата. Победникот Аргентина ќе добие 42 милиони долари од Светската фудбалска федерација (ФИФА), додека поразената Франција ќе си замине со 30 милиони долари

Третопласираната инкасираше 27 милиони долари, додека Мароко како четвртопласирани добија 25 милиони долари.

Обештетување ќе добијат и клубовите кои дадоа репрезентативци на Светското првенство, а рекорди се соборени и по исполнетост на трибините, цена на билетите, луксуз на новите стадиони и уште многу други детали.

Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада заеднички ќе го организираат следното Светско првенство во 2026 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *