Најпознатата веб-страница за љубителите на книги „Гудридс“ објави листа со 76 најпопуларни наслови во последните десет години. Книгите се рангирани според активноста на читање на членовите на веб-страницата.
На листата се наоѓаат наслови како „Девојката од возот“ на Пола Хокинс, „Таму каде што раковите пеат“ од Делија Овенс и „Полноќна библиотека“ од Мет Хејг. Таму се и „Нормални луѓе“ од Сали Руни, „Е баш ме заболе“ од Марк Менсон и „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рид.
На листата е и „Мојата приказна“ од Мишел Обама, „Атомски навики“ од Џејмс Клир, како и „Лекции по хемија“ од Бони Гармус. Ги има и „Станица единаесет“ од Емили Сент Џон Мандел, „Подземна железница“ од Колсон Вајтхед и „Лудо богати Азијци“ од Кевин Кван.

https://www.goodreads.com/blog/show/2687-goodreads-members-76-most-popular-books-of-the-past-decade

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *