По Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, во четвртфиналето од Лигата на шампионите се пласираа и актуелниот европски шампион Манчестер Сити и Реал Мадрид.Актуелниот европски шампион Манчестер Сити уште во Копенхаген направи голем чекор кон четвртфиналето совладувајќи го данскиот тим со 3:1, а во реваншот на својот стадион со
идентичен резултат го потврди пласманот натаму. Во втората средба во средата вечерта Реал Мадрид и РБ Лајпциг одиграа 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“, но „Кралскиот клуб“ го одбрани гостинскиот резултат 1:0 од првиот натпревар. Другите четворица патници во четвртфиналето ќе бидат познати следната седмица. Во вторник на 12 март се среќаваат Арсенал – Порто (0:1) и Барселона – Наполи (1:1), а ден подоцна Атлетико Мадрид – Интер (0:1) и Борусија Дортмунд – ПСВ Ајндховен (1:1).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *