Бенфика го совлада Јувентус со 4-3 и го елиминира од Лигата на шампионите веќе по групната фаза. Сега италијанскиот тим во последното коло ќе се бори да продолжи во Лига Европа.

Милан лесно го победи Динамо Загреб на „Максимир“ со 0-4. Лајпциг му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид совладувајќи го со 3-2. ПСЖ го декласира Макаби Хаифа со 7-2.

Единствен меч без голови беше дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, но со тој резултат и двете екипи се пласираа во осминафиналето.

Челси славеше над Салцбург со 2-1 и со тоа го потврди пласманот понатаму во Лигата на шампионите. Натпреварувањето во Лига шампиони продолжува и вечерва од 21.00 часот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *