Иако беа донесени огромни засилувања во летниот преоден рок, Барселона во првите четири рунди одново докажа дека не е дорасната за Лигата на шампионите, а тоа го призна и самиот Чави по ремито од 3:3 против Интер на „Камп Ноу“.
Тренерот Чави Хернандез е разочаран и вели дека неговиот тим не заслужил повеќе ако не може да оствари триумф над Интер.
„Првото полувреме беше одлично, добро напаѓавме и го натеравме Интер да страда. Гави и Педри го контролираа средниот ред. Сепак, во второто полувреме направивме премногу грешки. Си дозволивме да паднеме по првиот примен гол. За вториот гол на Интер имаше сериозна грешка,што не смее да се дозволи на ваков натпревар. Во Лигата на шампионите секоја грешка се плаќа скапо. Се обидовме да се вратиме во игра и покажавме карактер , но ако не можеме да го победиме Интер дома, не заслужуваме да одиме понатаму“, изјави Чави.
На Интер сега му е потребно да го победи следниот натпревар против Плзен и да се пласира во осмиафиналето заедно со Баерн Минхен. Оваа група беше нарекувана група на смртта“.
„Знаеме дека повеќе не ја држиме судбината во наши раце. Немаме големи надежи. Плативме голема цена за грешкитеЈас сум тренер и ја преземам одговорноста. Сега треба да се концентрираме во Ла Лига, каде сакаме да останеме на врвот“, смета Чави.
Вчерашниот натпревар во Барселона понуди извонреден фудбал, големи шанси и неверојатна страст на теренот, а во такви услови, на крајот подобро се снајдоа гостите од Италија кои извлекоа 3:3, но беа многу блиску и до победа од 3:4.