Во првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Лондон, Арсенал и Баерн одиграа 2:2, додека во Мадрид Реал и Манчестер Сити одиграа 3:3. Актуелниот европски шампион Манчестер Сити и најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид трета година по ред се сретнаа во фазата на елиминации во Лигата на шампионите, но овојпат во неверојатна партија, која заврши 3:3. За Реал погодија Рубен Диас (12, автогол), Родриго (16) и Федерико Валверде (79), а за Сити Бернардо Силва (2), Фил Фоден (66) и Јошко Гвардиол (71).
Барселона забележа вредна победа од 3:2 над Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Парк де Пренс“. Двата тима приредија вистински спектакл, одбележан со два пресврти. Атлетико Мадрид пак ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар меѓу двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите.