Иако метеоролошкото лето започна на 1 јуни, календарски летото оваа година пристигнува на 21 јуни, односно во недела. Ова годишно време ќе трае до 22 септември, кога ќе започне есента.

Летото е најтоплиот период од годината и се одликува со најдолги денови и најкратки ноќи. Почетокот на летото е поврзан со летната краткоденица, а 21 јуни е денот со најмногу сончеви часови во текот на годината на Северната хемисфера.

По овој датум деновите постепено почнуваат да се скратуваат, додека ноќите стануваат подолги, иако високите летни температури продолжуваат и во текот на јули и август.

Додека на Северната хемисфера започнува летото, на Јужната хемисфера настапува зимата. Оваа спротивност е резултат на наклонот на Земјината оска и нејзиното движење околу Сонцето.

Летото традиционално е период на годишни одмори, патувања, престој на отворено и високи температури, а многумина со нетрпение го очекуваат како најдинамичното и најсончево годишно време.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *