Денес во Македонија го очекуваме максимумот на рано летниот топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели понекаде да се искачат дури и над 30 степени.