Леонардо Ди Каприо снима нов филм. Објавени се првите фотографии од новиот филм со холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо. Се работи за остварување на режисерот и сценарист Пол Томас Андерсон. Неодамна се пишуваше дека тој потпишал за филмската адаптација на романот „Вајнленд“ на Томас Пинчон од 1990 година, но не е познато дали овој филм на Андерсон е за тоа.