Под мотото „Легендите живеат вечно”, на 28-ми октомври во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Со силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот оркестар. Човекот  којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да се заборават и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. На 28октомври потсетување на нивниот лик и дело.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *