Последната церемонија на доделувањето на престижните Оскари остана запаметена, за жал, не по филмовите и маестралните улоги, туку по инцидентот што се случи кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок поради шегата на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Како што пишува „Дедлајн“, Рок во текот на неговата стенд-ап турнеја открил дека Академијата му понудила да се врати како водител на Оскарите следната година.

Сепак, комичарот ѝ рекол на публиката дека враќањето на церемонијата би било како да барате од Никол Браун Симпсон „да се врати во ресторанот“, спомнувајќи ги настаните што довеле до нејзината смрт и последователното судење за убиство на О. Џеј. Симпсон. Симпсон беше во центарот на вниманието на американската јавност пред повеќе од 20 години за време на сензационалното судење за убиството на неговата сопруга Никол Симпсон и нејзин пријател.

„Тој е поголем од мене“, кратко рекол Крис Рок за Вил Смит.

Како што се наведува, Рок исто така бил поканет да се појави и во реклама за „Супер боул“, што исто така го одбил.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *