Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, наполни 83 години. На музиката ѝ даде голем дел од животот, а животот воопшто не ја галел. Колку е поголема славата што ја доживеала, толку се поголеми трагедиите со кои се соочувала, ако воопшто може да се разликуваат мали и големи трагедии. Добитник е на 8 Греми награди, а според Rolling Stone е еден од најдобрите пејачи на сите времиња. Тарнер се смета за една од најпопуларните светски изведувачи и за најуспешен женски рок-уметник на сите времиња, со продажба на близу 200 милиони копии. Во 2013 година, Тина Тарнер се откажала од американското државјанство и зела швајцарско државјанство каде што и ден денеска живее во Швајцарија според неа во таа земја се наоѓа мирот.