На 18 мај во Скопје ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Се предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.