Кошаркарската репрезентација на Македонија доби релативно лесна група во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. Покрај Словачка, за ривали ги доби селекциите на Данска и на Норвешка. Досега кошаркарите немале дуели во сениорска конкуренција со овие противници.

Пласман во квалификациите ќе оствари само првопласираната екипа од групата, а Македонија, ако се погледне квалитетот на ривалите, има убава шанса до целта.

Првите претквалификациски мечеви ќе се одиграат во август, а следните два циклуса ќе бидат во ноември оваа година и во февруари в година.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025

Група Д: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Данска, Норвешка

Група Е: Полска, Швајцарија, Австрија, Хрватска

Група Ф: Кипар, Романија, Португалија, Бугарија

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *