Радио-телевизија Србија (РТС) избра 28 композиции, кои ќе се натпреваруваат на фестивалот „Песна за Евровизија 2024“, каде што ќе биде избран претставникот на Србија на следното издание на Евровизија.
Изборната комисија на РТС ги избра следните 28 композиции за учество на фестивалот „Песна за Евровизија 2024“:
Следната година ќе се одржат две полуфиналиња од српскиот избор за Евровизија, на 27 и 29 февруари, во кои засебно ќе настапат по 14 натпреварувачи, а осумте најдобри ќе се пласираат во финалето кое ќе се одржи на 2 март.
Победничката песна на фестивалот ќе ја претставува Србија на следното издание на Евровизија, кое ќе се одржи во Малме, Шведска, од 7 до 11 мај.