Вечерва на ултрамодерниот стадион се одржува концерт на светската музичка ѕвзеда Тејлор Свифт, а „кралскиот клуб“ добро ќе профитира. Според продадените билети, присутни се околу 120 илјади гледачи, а на Реал, од отстапениот простор ќе му припаднат околу 9 милиони евра.
Новата стратегија на клубот во врска со стадионот ја најави Флорентино Перез уште во 2022 година кога рече дека можноста за промена на теренот овозможува настани од секаков вид поради што „Бернабе“ ќе биде во центарот на вниманието во следните години.