Откажан е вечерашниот  концерт на  српскиот пејач Саша Ковачевиќ во Штип кој требаше да се одржи во големата сала во Домот на културата Ацо Шопов. Информацијата ја потврдија денеска преку соопштение до медиумите од Центарот за Култура Ацо Шопов во кое се вели:

Почитувани, Ве известуваме дека концертот на Саша Ковачевиќ кој беше предвиден да се одржи на 15.03.2024 год. (петок) во големата сала на Центарот за култура “Ацо Шопов“ Штип, истиот е откажан!! Причините за откажувањето на гореспоменатиот концерт, како и деталните информации за него, ќе ги соопшти директорот Горан Трајков на прес-конференција, на ден 18.3.2024 год. (понеделник) во 13:00 часот, пред службениот влез на Домот на културата. По тој повод Ве покануваме за присуство на прес-конференцијата. Со почит. НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип

 Инаку Angels Fm за овој концерт информираше уште на почетокот кој беше предвидено истиот да се одржи во големата сала со отстранување на инвентарот и поставување на маси со флаши алкохол. За ова имаше бурни реакции во јавноста но и Кривична пријава од страна на градоначалникот на Штип Иван Јорданов поритв директорот Горан Трајков.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *