Во скопската населба Железара, тревникот пред зградата „Коце Металец 2“ изминатиот викенд се претвори во отворена оперска сцена. Фестивалот „Комшилук“ ја донесе Вердиевата „Травијата“ директно меѓу станбените блокови, со публика од соседи, минувачи и љубители на уметноста.

Настанот започна со првиот чин и продолжи со реприза, музичка програма, настапи на солисти и ансамбл, како и изложба на македонски визуелни уметници поставена во јавниот простор. За најмладите имаше и посебна „Мала Травијата“.

Фестивалот, кој потекнува токму од ова маало, повторно ја донесе културата меѓу луѓето и ја претвори секојдневната околина во заедничка сцена за уметност и дружење.

Признанија и 128 потенцијални локации

За само две години, „Комшилук” освои признание „Арт Експлора” во Париз и стигна до финале на New European Bauhaus Prize во Брисел. Но Јовановски сам го поставува приоритетот: „Наjголемо признание за мене се реакциите на станарите. Оние кои живеат таму 40 години, а коментарот им е: Првпат се чувствувам гордо на тоа каде живеам. Ако се чувствуваш гордо каде живееш, автоматски ти почнуваш и да се грижиш за тој простор.”

https://www.instagram.com/p/DZjvmHzD8eB/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *