Во петок на 28 март во Народен театар – Штип во заедничка организација со ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и НУЦК „Ацо Шопов” – ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот и непреболен м-р Филип Стевановски.

Комеморацијата е во 12 часот.

Стевановски беше директор на Центарот за култура во Штип и дел од бендот ДНК. Трагично настрада во пожарот во кочанската дискотека за време на настапот.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.




26/03/2025

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *