Би било чудно доколку не ја слушаме Мараја Кери за време на божиќните празници. Нејзината „All I want for Christmas“ е една од најпопуларните божиќни песни на сите времиња. Колку заработува пејачката од овој хит? Според истражување од 2016 година, Кери заработува 2,5 милиони долари годишно од песната, а дотогаш на пејачката ѝ донела вкупно 60 милиони долари. Доколку пресметката е точна, Кери заработила дополнително 12,5 милиони долари од 2016 наваму.Песната првпат излегла во 1994 година, но не станала хит веднаш.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *