Британската кралска ковачница издаде колекционерска монета со ликот на легендарниот поп пејач Џорџ Мајкл, кој почина на Божиќ во 2016 година во Лондон. Монетата припаѓа на најновата серија „Легенди на музиката“ на кралската ковачница која досега на овој начин им оддаде почит и на Дејвид Боуви, групата „Квин“ и Сер Елтон Џон, пишува „Скај њус“.

Во негова чест изработени се монети во златна, сребрена, сребрено-црвено-црна боја. На нив е ликот на поп пејачот кој носи авијатичарски очила за сонце и обетка во облик на крст, која ја носел во 1987 година додека го снимал соло-синглот „Faith“. Рефренот од оваа песна е изгравиран на задната страна на монетата. Монетата е дизајнирана од скулпторката Сандра Дејана, а ќе се најде во продажба за неколку дена.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *