Аргентина го очекува противникот од вечерашното полуфинале во Катар. Актуелниот светски првак Франција и најпријатното изненадување на првенството Мароко, првата африканска земја која стигнала до место во топ четирите на Мундијалот ќе се соочат вечерва на стадионот Лусаил.
Иако Французите важат за апсолутни фаворити, сепак капитенот на „триколорите“ голманот Уго Лорис, предупредува дека Мароко не случајно е меѓу четирите најдобри селекции.
Франција атакува на своето четврто финале во кое ќе се обиде да стигне до третиот шампионски трофеј, а воедно да станат и третата земја по Италија и Бразил која успеала да го одбрани шампионскиот трон.
Ќе се изборат ли за тоа „Триколорите“ или Мароко ќе испише уште една страница во светската фудбалска историја, останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 20 часот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *