Времето денеска во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 30 Целзиусови степени.
И за време на викенд се очекува променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.