Штипската кошарка добива нова енергија и амбициозен проект со јасна цел – враќање на градот во самиот врв на македонската кошарка.

За нов тренер на КК Соколи е назначен Марјан Србиновски-поранешен македонски репрезентативец, кој ќе има задача да создаде конкурентен состав и да постави цврсти темели за настап во Првата македонска лига.

Во рамки на најавениот проект е предвидено и формирање на акционерско друштво, преку кое би се создале услови за аплицирање и настап во Првата лига. Амбицијата е да се изгради квалитетен тим кој ќе може рамноправно да се натпреварува со најдобрите македонски клубови.

Дополнителен импулс за развојот на кошарката во Штип се очекува да даде и новата спортска сала „Џексон“, каде што тимот би ги одигрувал своите натпревари.

Проектот има и поширока цел – зголемување на интересот кај децата и младите за кошарката и создавање услови локалните таленти да се развиваат и да ги градат своите спортски кариери во Штип.

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *