Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Влезните и излезните меѓународни летови минатата недела се зголемија за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, на речиси 2.500 летови.