Мерцедес-Бенц ја претстави новата глобална кампања „Better keeps us going“, инспирирана од шампионскиот успех на Кими Антонели во Формула 1, кој ја освои светската титула како возач на тимот Mercedes-AMG PETRONAS.

Кампањата го слави победничкиот дух, страста кон автомобилскиот спорт и постојаната желба за напредок. Истовремено, таа се поврзува со најголемата офанзива на нови и освежени модели во историјата на марката, во годината кога Мерцедес-Бенц одбележува 140 години од создавањето на првиот автомобил во светот.

Преку впечатливи кадри и крупни планови на автомобилите, брендот ја пренесува филозофијата од тркачките патеки во светот на сериските модели, нагласувајќи ги дизајнот, технологијата и постојаното поместување на границите.

„Спортот има моќ да спои стотици милиони луѓе ширум светот во еден заеднички момент“, истакнува Кристина Шенк, директорка за дигитални медиуми и комуникации во Mercedes-Benz AG.

Визуелниот концепт се издвојува со црно-бели кадри, додека црвената боја се користи само за нагласување на елементите поврзани со Формула 1.

Кампањскиот филм започна да се прикажува на 2 ноември на социјалните мрежи и телевизиските канали на главните пазари на Мерцедес-Бенц.

04/11/2026