Дали оваа година ќе имаме зимско сметање на времето или не? Владата неодамна најави дека можеби оваа година нашата држава ќе остане во режимот на летното сметање на времето.

Конечна одлука, за тоа дали ќе има зимско сметање или не оваа година можеби ќе се донесе уште денес на редовната владина седница. Toa значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.

Тогаш, доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Зимското сметање на времето подразбира враќање на стрелките на часовникот за еден час назад. Европската Унија со години дебатира за ова прашање и целосно укинување на промената на времето, но конечна одлука не е донесена.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *