Остануваат само уште 2 дена до почетокот на третото издание на церемонијата на доделување на регионалните музички награди (MAC) во организација на „Skymusic“ На најголемата манифестација веќе е потврдено учеството на познати музички имиња од поранешните Југословенски републики. Од Македонија познато е дека ќе настапат Каролина Гочева и 2Бона, а на листата со учесници се и Петар Грашо, Констракта, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Сара Јо, и други. Првата вечер е наменета за поп, фолк и рок музика, додека втората е за изведувачите на модерната алтернативна музика.