Организаторите на Евровизија најавија учество на Карибите на музичкиот натпревар.

Во порака на својот официјален профил на „Инстаграм“, организаторите напишаа дека Карибите доаѓаат на изборот за Евровизија 2024.

– Возбудени сме што може да потврдиме дека Карибите доаѓаат на Евровизија 2024 година – напишаа тие.

Во објавата стои и дека наскоро ќе бидат споделени повеќе информации.

Карибите или Карипските Острови се регион во Средна Америка кој се состои од повеќе држави.

Годинава Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *