Од Спомен куќа “Тодор Проески” на 23 септември ќе се донесат музејските поставки на Тоше од Крушево. Караван под мотото “Тоше- За овој свет”. Првенствено посветен на двете години 2003 и 2004 година. Годинава и догодина се одбележуваат 20 години од прогласувањето на Тоше за најмлад амбасадор на УНИЦЕФ. Награден со хуманитарна награда Мајка Тереза во 2003 година стана регионален амбасадор на УНИЦЕФ. Во 2004 година беше именуван за амбасадор на добра волја УНИЦЕФ и го сними хитот ”За овој свет” што стана химна на УНИЦЕФ. о оргиналната облека на Тоше од неговото последно интервју во “Вртелешка” на 15 октомври 2007 година и со омилената бела гитара и со репликата на костимот на Евровизија. Спомен куќата “Тодор Проески” го почна караванот. Ова е прв пат да се изнесат музејските поставки од Музејот и прв пат да се донесат во Штип.
Предвидени се музички настап, рецитал и потсетување на успесите на Тоше Проески преку музејските поставки…