Канје Вест ќе ја купи социјалната мрежа Parler, објави актуелниот сопственик на компанијата. Parlement Technologies соопшти дека е постигнат начелен договор. „Во свет каде што конзервативните мислења се сметаат за контроверзни, треба да се погрижиме да имаме право на слободно изразување“, рече Вест.
Вест е активен на Parler, социјална мрежа која е означена како „социјална мрежа посветена на слободата на изразување, граѓанскиот дискурс и приватноста на корисниците“.
„Овој договор ќе го промени светот и ќе го промени начинот на кој светот размислува за слободата на говорот. Вие правите револуционерен чекор во медиумскиот простор за слободниот говор и никогаш повеќе нема да мора да се плашите дека ќе бидете отстранети од социјалните мрежи“, рече Џорџ Фармер, извршен директор на матична компанија на Parler, Parlement Technologies.