Украинскиот бенд „Калуш оркестра“, победниците на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кои би требало да настапат на затворањето на фестивалот „Си Стар“ на 28 август во Буљарица, побараа од организаторите на настанот да го откажат настапот на Русинката Нина Кравиц, која, исто така треба, да настапи истата вечер.
„Калуш оркестра“ на својот официјален инстаграм-профил ги повика фановите да го поддржат „чистењето на сцената“, а од „Си фестивал“ очекуваат откажување на настапите на изведувачите од Русија, јасно алудирајќи на една од најголемите ѕвезди на електронската музика, Нина Кравиц.
„Егзит тимот кој стои зад организацијата на „Си денс“, што ќе се одржи од 26 до 28 август на плажата Буљарица, му одговори на „Калуш оркестра“, нагласувајќи дека ја „осудуваат војната во Украина, но дека никогаш нема да ги откажат изведувачите поради нивната нација, раса или религија“. Потсетувајќи дека мисијата на фестивалот, како и сите настани на „Егзит“, е промоција на мирот, заедништвото, љубовта, мултикултурализмот и соработката.