Македонската поп дива Калиопи во октомври и ноември ќе одржи два големи концерти во некогашната Југославија. Таа на 23-ти октомври ќе одржи концерт во Домот на младите во Сараево а на 4-ти ноември во (Дом на синдикатите) во Белград. Имајќи во предвид дека ова нејзин прв концерт во Белград по 3 години односно по 4 години во Сараево, интересот е очекувано голем.