Калиопи ја збогати својата музичка дискографија со уште една песна. На своите обожаватели таа им ја подари „Кад осване“.

Како и многупати претходно, така и овојпат, Калиопи соработуваше со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил. Тој ги потпишува музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на песната.

Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил:

„Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен.Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови! Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси,а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно… За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит!“, вели Калиопи.

Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *