Каква зима ја очекува Македонија?
Според најновите направени анализи со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), оваа зима врнежите од дожд и од снег воопшто нема да ни фалат. Месеците декември, јануари и февруари ќе бидат исполнети со врнежи и тие ќе бидат натпросечно високи. Температурите ќе бидат малку над просекот, што значи не очекува поблага зима, но со многу повеќе снег за разлика од изминатите години. Оваа зима повторно целиот регион, но и нашата Македонија ќе стравува од нови временски непогоди, кој стануваат се посилни и посилни. И оваа зима ќе стравуваме од појава на поплави и свлечишта поради очекуваните чести и обилни врнежи од дожд и снег.