Социјалните мрежи станаа неизбежен дел од нашите животи, реалност која колку и да ни ја олеснува комуникацијата, ни помага да останеме во контакт со пријателите, семејството, да споделуваме информации. Неретко помага и во водењето бизнис толку понекогаш изгледа и опасна, со можности за предизвикување несакани последици. Прашањето секако е и колку младите се свесни за влијанието на содржините на социјалните мрежи врз нивното ментално здравје. Преголем дел од времето се всушност под влијание на содржините на социјалните мрежи, со што тоа има големо влијание и на формирањето на нивните ставови, мислења….
Исто така, зависноста од социјални мрежи го одвлекува вниманието и отежнува да се концентрираат на секојдневните активности, што често резултира со одложени обврски и намалена продуктивност, проследено и со незадоволство од изгубеното време.